Јувентус претрпе уште еден болен пораз во Серија „А“ кој го оддалечи од местата во Лигата на шампионите. Тимот од Торино после катастрофата на домашен терен од Аталанта од 0-4, загуби и со убедливи 3-0 од Фиорентина изминатиот викенд.
Навивачите на „бјанконерите“ се бесни, и бараат од раководството да го смени тренерот Тиаго Мота, и да донесе друг на неговото место. Меѓутоа челните луѓе на „зебрите“ имаат друг план, па ќе му дадат нова шанса на Мота да се покаже на клупата.
Така веројатно на Мота ќе му биде даден ултиматум да го однесе тимот во Лигата на шампионите, а ако тоа не се случи, тогаш тимот од Торино ќе бара друго решение на клупата за идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА