Србија ќе предложи играње на хуминитарен меч со Македонија за настраданите во Кочани

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, денеска на прес-конференцијата пред мечот со Австрија, искажа сочувство до македонскиот народ за трагедијата во Кочани.

Тој рече дека ќе предложи српскиот фудбалски сојуз да стапи во контакт со ФФМ за одигрување на некој хуманитарен меч.

„Пред да ја почнеме конференцијата… Вчера се случи незапаметена трагедија во Кочани во Македонија. Сакам да изразам сочувство за семејствата на настраданите. Многу голема трагедија. Ќе предложам нашиот сојуз да стапи во контакт со ФФМ за да во следниот период одиграме некаков меч со нив, за поддршка, со хуманитарен карактер. Уште еднаш ќе кажам, голема трагедија, но тоа е животот“, рече Стојковиќ.

Селекторот на Србија предложил хуманитарен меч по разговорот со нашата легенда Дарко Панчев, со кого имал синоќа и телефонски разговор.

Се вчитува...