Се пензионираше поранешниот напаѓач на Атлетико, Севиља и ПСЖ

Францускиот напаѓач Кевин Гамеиро објави дека на 37-годишна возраст ја завршува својата играчка кариера. Гамеиро во кариерата освои четири трофеи во Лигата на Европа, една Лига 1, и одигра преку 700 официјални натпревари.

Играше во Стразбур, потоа преку Лориен, дојде во Пари Сен Жермен, потоа во Севиља, Атлетико Мадрид и Валенсија, од каде се врати дома, во Стразбур, со кој го одигра последниот натпревар во кариерата.

Гамеиро играше и за француската репрезентација. Во перидот од 2010 до 2017 одигра 13 меча на кои постигна три гола.

Се вчитува...