Далас го испрати Ентони Дејвис во Џи-лигата

Далас Маверикс официјално го испратија Ентони Дејвис во својата филијала во „Џ-лига“, Тексас Леџендс каде ќе треба да ја заврши последната фаза од рехабилитацијата.

Центарот кој беше вклучен во еден од најспектакулраните трејдови во историјата, испраќајќи го Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс заработи повреда на препоните уште во првиот натпревар за Далас поради која е надвор од терените повеќе од месец дена.

Рехабилитација се одвива во добар ред, но во следниот период ќе биде дел од филијалата со која ќе тренира пред да се врати назад во НБА.

Се вчитува...