Протести во Далас поради Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Навивачите на Далас Маверикс никако не можат да се помират со фактот дека нивниот омилен кошаркар, Лука Дончиќ, лицето на франшизата беше трејдуван во ЛА Лејкерс на големо изненадување на кошаркарската јавност.

И по самиот трејд тие протестираа пред арената на Далас и тоа со мртовечки ковчег, а сега протестираа и пред градската куќа каде ќе се бара отставка на генералниот менаџер Нико Харисон.

Лука Дончиќ беше дел од Далас од 2018 година кога одбран како трет пик на драфтот. Во времето поминато во Далас, пет пати беше одбран на Ол-стар викендот, пет пати беше и во најдобрата петорка на сезоната, а ја освои и наградата за најдобар новајлија во 2019 година.

Се вчитува...