Грчките навивачи не можеа да се помират со поразот на Панатаинаикос синоќа од Париз во Евролигата, на крај дел од нив насрнувајќи се на судиската тројка.
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше повторно одличен во победата на Париз од 101-98, па по драматичниот меч навивачите на Панатинаикос го истурија бесот на судиите по натпреварот, поради што сега грчкиот гигант се соочува со казна од Евролигата.
Шортс доминираше од почеток до крај на мечот, завршувајќи со 20 поени, 14 асистенции и 9 скокови (само еден скок недостигаше за фантастичен трипл-дабл), но и девет изнудени лични грешки од противничките кошаркари.
Според првичните најави можно е Панатинаикос да добие казна од празна сала за следните натпревари во најсилното европско клупско натпреварување.
Panathinaikos taraftarı, Paris yenilgisinin ardından maçın hakemlerine sert tepki gösterdi.pic.twitter.com/fWAJd40zNW
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) March 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА