Милан загуби со 2-1 од Наполи во дербито на 30. коло во Серија А, натпревар во кој „росонерите“ одново промашија пенал преку кој ќе имаа поголеми шанси за реми.
Интересно, за Милан тоа е четвртиот промашен пенал во сезоната од девет обиди со што со процент од 44 отсто успешност овој италијански гигант е еден од најлошите тимови кога станува збор за овој сегмент од играта.
На натпреварот против Наполи неуспешен од белата точка беше Хименез, а пред него и Кристијан Пулишиќ, Тами Абрахам и Тео Хернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА