Освои титула против Ѓоковиќ па му откри: Ти си причината поради која го засакав тенисот

Младиот 19-годишен чешки тенисер Јакуб Меншик приреди сензација во Мајами совладувајќи го великанот Новак Ѓоковиќ во големото финале и со тоа воедно застанувајќи на патот на Србинот до елитниот клуб со 100 освеони трофеи во кариерата.

По натпреварот Меншик му се обрати и на Ѓоковиќ откривајќи дека тој е причината поради која започнал да се бави со тенис.

„Новак сите знаат дека ти си причината поради која сум тука. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Нема потежок предизвик за тенисер од тоа да те победи во финалето на турнир. Ти благодарам за се што направи за овој спорт и за секој од нас. Ти си неверојатна личност,  најголемиот на сите времиња“, вели Меншик.

Се вчитува...