Српските евролигаши Партизан и Црвена Звезда ќе добијат повеќегодишен договор за настап во најелитното европско кошаркарско првенство, но нема да учествуваат во натпреварувањето како клубови сопственици, објавуваат српските медиуми.
Тоа значи дека белградските гиганти ќе продолжат да плаќаат лиценса за настап и нема да добиваат распределба на средства од ТВ права и маркетинг.
Оваа сезона и Партизан и Црвена Звезда ја играат како носители на „Б“ лиценса која се гарантира со вајлд-карта која чини еден милион евра. Двата клуба ќе продолжат да ја плаќаат оваа сума и во иднина, но нема да стравуваат за место во Евролигата во годината која следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА