Хрватскиот стартег Игор Тудор го превзема Јувентус со договор до крајот на сезоната со што неговата иднина на клупата на клубот од Торино е неизвесна и покрај резултатите кои тој ќе ги оствари.
Според италијанските медиуми, раководството на „старата дама“ сепак не смета на Тудор на долги стази, поготово во моментите кога достапен за ангажман се очекува да биде и Антонио Конте, поранешниот капитен, а подоцна и тренер на Јувентус кој од 2012 до 2014 година го предводеше клубот до шампионскиот трофеј.
Конте во моментот е дел од Наполи, тим со кој се бори за титула во елитниот италијански шампионат, но 55-годишниот стратег не е задоволен од амбициите на раководството и трансфер политиката која се води.
Веста за можното враќање на Конте на клупата на Јувентус наиде на големо задоволство кај навивачите кои веруваат во неговите технички способности, но и тоа што неговото враќање означува и враќање на „јувентизмот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА