„Никола Јокиќ е Супермен“

Никола Јокиќ одигра нов фантастичен натпревар во НБА лигата постигнувајќи рекорд кога станува збор за постигнатите поени, но и покрај тоа што броеше до 61 и оствари нов трипл-дабл со дополнителни 10 скокови и 10 асистенции неговиот Денвер загуби од Минесота по продолжение кое го одбележа трагичарот Расел Вестбрук.

Пофални зборови за настапот на српскиот центар упати и неговиот тренер Мајк Малоум кој по средбата го спореди со Супермен.

„Никола ми преди пред крајот на третата четвртина и ми кажа: „Тренеру добар сум. Остави ме на паркетот, не сакам да излезам од игра“. Беше во добар ритам. Очигледно и е бидејќи го заврши мечот со 61 поени и по 10 скокови и асистенции. Никола Јокиќ е Супермен“, изјави Малоум.

Србинот застана и во одбрана на својот соиграч Вестбрук кој имаше шанса да го донесе својот тим во водство од три поени на 18 секунди пред крајот, но промаши, а потоа и направи прекршок за три слободни фрлања за противникот, поени поради кои беше забележан 29. пораз во сезоната.

„Немам потреба да разговарам со Вестбрук за крајот на натпреварот. Тоа е кошарка. Таквите работи се случуваат. Причино сум сигурен дека не сакаше да направи прекршок“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...