Евролигата се подготвува за коренити промени во текот на летово, веќе наголемо се дискутира за менување на системот на натпреварување, со оглед на најавеното зголемување на бројот на екипи во елитното европско натпреварување.
Без разлика дали руските клубови ќе се вратат од октомври 2025, челниците на Евролигата се подготвени за проширување на натпреварувањето. Како што открива првиот човек на Виртус Болоња, Масимо Занети, она што е сигурно е влегувањето на Дубаи во кошаркарската елита.
Овој тим се формираше пред само една година, бележи добри резултати во својата прва сезона во АБА-лигата, а откако Дубаи ја зеде организацијата на овогодинешниот фајналфор, се поизвесно е дека кошаркарскиот клуб од овој град ќе добие билет во проширената Евролига.
„Многу се говори за влегувањето во НБА, но една работа не е променета – Евролигата останува главно натпреварување. И неговата популарност уште повеќе ќе се зголеми сега кога и Дубаи ќе стане член од наредната сезона“, откри Занети.
Првиот човек на Виртус Болоња донесе добра вест и за навивачите на Партизан и на Црвена Звезда, кои досега чекаа година за година за потврда на учеството во елитата, нешто што сега ќе се промени.
„Ние добивме тригодишна понуда да бидеме дел од Евролигата. Истата понуда ја имаат и Партизан и Црвена Звезда. Се уште преговараме бидејќи цената е висока, но што е тука е“, обелодени Масимо Занети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА