Интер го враќа Имобиле назад во Италија?

Чиро Имобиле постигна 15 гола за Бешикташ во сите натпреварувања оваа сезона, но италијанскиот ветеран не е најсреќен во турскиот шампионат. Весникот „Фанатик“ во денешното издание објави дека Имобиле не е задоволен пред се поради неамбициозноста на клубот кој е далеку од борбата за трофеи, поради што легендарниог голгетер веќе ги контактирал своите агенти, барајќи да му најдат нов клуб за наредната сезона.

Интер е многу сериозен во намерата да го доведе големиот ас, особено тренерот Симоне Инзаги кој имаше беспрекорна соработка со Имобиле додека беше тренер на Лацио. Турските медиуми тврдат дури и дека двајцата биле во контакт во изминатиот период, поставувајќи темели на преговорите што во наредниот период агентите на Имобиле ќе ги водат со директорот Марота.

Фактот дека Италијанецот веќе има 35 години е јасен предзнак дека сумата за отштета ќе биде минимална, нешто што Интер без размислување ќе го плати за да ја исполни желбата на Инзаги. Имобиле со тоа би бил дел од тим со кој би атакувал на шампионско скудето, чие освојување е голема желба на ветеранот пред да ја заврши својата кариера.

Тој би го зазел местото во тимот на Марко Арнаутовиќ, кој летово како слободен играч ќе си замине од Интер, а сериозен интерес за австрискиот напаѓач покажува Црвена Звезда.

Се вчитува...