Врховниот спортски суд ги ослободи Дани Олмо и Пау Виктор до крајот на сезоната, со која се неутрализира последната пресуда на Ла Лига, па и двајцата сега ќе може да бидат селектирани од тренерот Ханси Флик.
Оваа одлука на Врховниот суд му даде сила на Жоан Лапорта повторно со „отровни стрели“ да се нафрли на водечките луѓе во шпанскиот фудбал.
„Ла Лига сакаше намерно да ги дестабилизира сите во клубот, особено поради фактот што тимот во овој момент се бори за триплетата во завршните два месеци од сезоната. Но, ние во Барселона се бориме против се и против сите, таков е животот за нас во овој клуб. Како што кажав и претходно, ова соопштение на Ла Лига е со јасна цел, не е случајност што беше објавено токму овој момент“ – рече Лапорта и дополни:
„Планот беше да не дестабизицираат во клучен дел од сезоната, но нема да им дозволиме да го направат тоа. Не можат да не победат на терен, па бараат други начини. Но, среќен сум пред се за човекот кој е одговорен за првиот тим. Ти благодарам за фантастичната работа Ханси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА