Малоун не го поднел добро отказот од Денвер

Мајк Малоун помина 10 години на клупата на Денвер Нагетс испишувајќи историја како најдобриот тренер на оваа франшиза носејќи и и шампионски трофеј во 2023 година.

Поради лошите резултати во сезоната и лошата атмосфера во соблекувалната тој неодамна доби отказ кој според НБА инсајдерот Брајан Виндхорст го поднел бесно.

„Брзо протекоа информации во кругот на НБА дека реакцијата на Мајк Малоун по отказот не била мирна. Тоа не е изненадување. Јас не го обвинувам“, откри Виндхорст кој ги прокоментира и сопствениците на Денвер.

„Мислам дека сакаа да го отпуштат Малоун, а мислеа дека тоа нема да биде можно доколку Денвер се разбуди и одигра добар плеј-оф. Тие во главно имаат големо трпение со тренерите и поради тоа многу ме чуди одлуката. Тоа е големо непочитување кон тренерот кој има најголем број на победи во историјата на клубот“.

Се вчитува...