Поранешниот словенечки НБА кошаркар, Саша Вујачиќ на подкаст говореше за својот сонародник, Лука Дончиќ споредувајќи го со легенарниот Коби Брајант.
Самиот премин на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс предизвика интересни споредувања, а Вујачиќ верува дека наликува на легендарниот Коби Брајант.
„Ние не се познаваме лично. Знаеме само еден за друг. Имавме различни патеви кон НБА, но кога тој пристигна во лигата мислам дека ме побара Мајк Стерн или некој друг и ме праша што мислам за него. Знаете, тој доаѓа од иста држава како и јас па повеќе луѓе ме бараа за него. Им кажав „Ќе бидам искрен, гледам како игра и можеби тој е единствениот кој малку повеќе од било кој друг ме потсетува на Коби Брајант“, вели Вујачиќ кој ја објасни споредбата.
„Игра со насмевка, го разбира просторот на кошаркарскиот терен многу добро, талентиран е, но има нешто и во неговиот поглед. Кога игра кошарка, како да има некој убиствен инстикнт. Како да може да „намириса крв“. Така секогаш збореше и Коби. Се уште е млад, но мислам дека има нешто што има и мојот голем брат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА