Монако го прегази Марсеј во дербито на Лига 1

Дербито на 29. коло во француското првенство му припадна на Монако кој на домашен терен славеше со убедливи 3-0 против ривалот Марсеј.

До триумф домашниот состав го предводеа Минамино со гол во 34. минута, Емболо кој ја затресе мрежата во 59. минута и Закариа кој реализираше од белата точка во 82. минута.

Со овој триумф Монако ја превзема втората позиција на табелата токму од Марсеј.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...