Шпанските медиуми најавуваат неверојатен скандал, откако раководството на Реал Мадрид сериозно размислува „кралевите“ воопшто да не го играат утрешното финале на Копа дел реј против големиот ривал Барселона.
Се почна со низата објави на клупската телевизија на Реал во која отворено се критикуваа судиите за нивните грешки на средбите на „кралевите“ оваа сезона, вклучувајќи го тука и Рикардо де Бургос Бенгоечеа, кој е одреден за делење на правдата на утрешното финале. Токму Бенгоечеа ги разгоре страстите откако на денешната официјална прес-конференција се расплака, жалејќи се на притисокот што тој и неговото семејство го трпат токму поради ваквиот однос на Реал и прилозите на клупската телевизија.
Флорентино Перез бурно реагираше на оваа прес-конференција, експресно беше испратено барање за смена на судијата, што категорично беше отфрлено од страна на федерацијата.
Реал во знак на протест ги откажа сите медиумски обврски вклучувајќи ја и задолжителната прес-конференција пред финалето, но „Чирингито’ тврди дека Флорентино сака да оди и чекор понапред, мадридскиот гигант воопшто да не се појави на теренот.
Имено, тој им дал налог на клупските адвокати да најдат „дупки“ во статутот што ќе овозможат Реал да не игра, притоа да не биде казнет и да може да бара нов термин со нови судии. Засега шансите ова да се реализира не се преголеми, но извори блиски до Перез тврдат дека тој е цврсто решен да направи земјотрес со одреден преседан. Останува да се види дали адвокатите ќе успеат да најдат нешто што првиот човек на „кралскиот клуб“ го бара, па утрешниот дуел наместо празник на шпанскиот фудбал да остане запишан со црни букви во историјата на Копа дел Реј.
🚨Los ABOGADOS del REAL MADRID están preparando un COMUNICADO en el que club va a exigir una disculpa de los árbitros.
🚨 El Real Madrid PODRÍA VOLVERSE a casa SIN JUGAR LA FINAL.
ℹ️ @jpedrerol
*A las 12 ESPECIAL @elchiringuitotv en MEGA* pic.twitter.com/4tn0QdVDwn
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

