Модриќ и Ридигер се степале по поразот од Барса во „Копа дел реј“

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид достигна точка на вриење по поразот од Барселона во финалето на Копа дел Реј.

„Кралскиот клуб“ на многу болен начин остана без уште еден трофеј, бидејќи Жил Кунде погоди во 116. минута од судиското продолжение на финалниот меч во Севилја.

Вината за тој гол оди на душа на Лука Модриќ, кој упати лошо додавање до Брахим Диас, по што Кунде ја украде топката и го постигна погодокот вреден трофеј.

Модриќ поради тоа беше нервозен, но во соблекувалната наиде на уште понервозниот Антонио Ридигер, кој по мечот дури сакаше физички да се пресмета со главниот судија Рикардо де Бургос Бенгоече. Фрли кон него ќеса со мраз и соиграчите едвај го спречија да го нападне судијата.

Сепак, во соблекувалната соиграчите „имаа уште работа“, бидејќи според шпанскиот медиум „Дон Балон“, Модриќ физички го нападнал Ридигер. Хрватот му замери на Германецот дека со своето однесување го „омаловажува клупскиот грб“.

Ридигер возврати, а се ескалира толку многу што соиграчите морале да ги разделат.

„По натпреварот, двајцата играчи се судрија во соблекувалната, што резултираше со тепачка која мораше да ја прекинат другите играчи и членовите на стручниот штаб на Карло Анчелоти, кои беа во неверување. Хрватот го критикуваше Ридигер за неговото однесување и му рече дека е скандалозно што направил такво нешто, и дека тој го омаловажува Реал со своето однесување“, пишува „Дон Балон“. 

Се вчитува...