Дете од друга планета: Две години од дебито на Јамал за Барселона

Барселона игра фантастична сезона во која веќе освои два трофеја (Супер-купот на Шпанија) и е во конкуренција за уште два (Примера и ЛШ), а еден од најзаслужните дефинитивно е Ламин Јамал, неверојатниот крилен офанзивец кој се уште не е ниту полнотелен, а веќе испишува нови страници во фудбалската историја.

Денеска се одбележуваат две години од дебито на Јамал, кој на 15 години и 290 дена за првпат настапи за првиот тим на каталонскиот гигант, влегувајќи во игра на дуелот со Бетис на местото на Гави.

Помошникот на тренерот Чави, Оскар, тогаш пресамоуверено изјави дека Ламин за три години ќе биде во игра за „Златната топка“. Само две години подоцна, се гледа колку Оскар бил во право.

Иако се уште нема 18 години (ќе насполни на 13 јули), Јамал веќе има 99 одиграни средби за Барса, а јубилејната „стотка“ ќе ја прослави во полуфиналето од ЛШ против Интер. Од досегашните 99 меча, тој има само 15 порази, наспроти 71 победа и 13 реми. Досега има 21 гол и 33 асистенции, а доколку Барса стигне до европската круна Јамал ќе стане прв во историјата што пред својот 18. роденден има титули во Ла Лига, ЛШ и трофеј од сениорско Европско првенство.

Тој веќе е најмлад шампион во историјата на Барселона (15 години и 305 дена), најмлад стрелец во историјата на клубот во Ла Лига, најмлад освојувач на трофеј на ЕП…

Барселона со право се гордее со својот нов фудбалски дијамант, а ако продолжи во ваков ритам… само небото е граница за Ламин Јамал.

Се вчитува...