Играчот на Реал Мадрид, Ферлан Менди нема да игра за „кралевите“ до крајот на сезоната. Тој нема да настапи ниту на клупското светско првенство.
Во финалето на Купот на Кралот играше само 11 минути, по што го напушти теренот, а прогнозите го покажаа најлошото. На Французинот му пукнала тетивата, а процената е дека го чека пауза од 3-4 месеци.
Во текот на оваа сезона, Менди се соочи со многу повреди. Секои три месеци се повредува. На почетокот на сезоната имаше повреда на мускулот. После тоа имаше проблем со квадрицепсите, а потоа го повреди левиот бут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

