Шпанската фудбалска федерација го суспендира Антонио Ридигер на шест натпревари, додека Лукас Васкез ќе пропушти два. Нивниот соиграч Џуд Белингам помина без казна, откако прегледот на снимката утврди дека не направил прекршок што би оправдал црвен картон.
На самиот крај од финалето имаше насилни инциденти, а според официјалниот извештај, Ридигер фрли парче мраз кон судијата, по што ситуацијата целосно излезе од контрола. Судијата Рикардо де Бургос Бенгоецеа ги исклучи тројца играчи на Реал – Ридигер, Васкез и Белингам.
Германецот и без суспензијата ќе паузираше, со оглед дека се повреди, и го чека пауза до крајот на сезоната, а нема да игра ниту на светското клупско првенство. Васкез од друга страна ќе ја отслужи казната само во Купот, односно нема опасност дека нема да биде дел за Реал на „Ел Класико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА