После вестите за пауза на Антонио Ридигер и на Флорен Менди, до крајот на сезоната во тимот на Реал Мадрид ќе го нема ниту Давид Алаба. Вчерашниот ден за „кралевите“ беше кошмарен со повреди и суспензии.
За тројцата сезоната е веќе завршена, а неизвесни се и за светското клупско првенство. Згора на тоа стигна веста за суспензија на Лукас Васкез, кој ќе паузира на следните два Куп натпревари.
Алаба има скинат менсискус на левото колено и ќе мора да се оперира. Се претпоставува дека ќе паузира околу два месеци и неизвесно е дали ќе биде во можност да се опорави за Светското клупско првенство.
Во моментов на листата повредени во Реал се Карвахал, Ридигер, Милитао, Менди, Алаба и Камавинга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

