Карло Анчелоти наскоро ќе треба да стане нов селектор на Бразил. Јасно е дека искусниот италијански стручњак заминува од клупата на Реал Мадрид, и веќе се договорил со челниците на бразилската репрезентација. Но, сега се појави проблем.
Реал Мадрид наводно не сака да му ја исплати откупната клаузула при евентуален прекин на договорот, па така сега трансферот е блокиран. Исто така се шпекулира дека еден од проблемите е и тајмингот на преземање. Бразил инсистира да го види Италијанецот веднаш на клупата, а тој сака да остане до крајот на сезоната, да го води и Реал на светското клупско првенство, па потоа да го презеде кормилото.
Меѓутоа шпанските медиуми исто така шпекулираат дека во меѓувреме работата може да ја расипе и понуда од Саудиска Арабија. Наводно клуб му нуди астрономски 50 милиони евра по сезона на искусниот Италијанец да го преземе тимот. Не е откриено за кој клуб станува збор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

