По сезоната за заборав пет нови фудбалери пристигнуваат во Реал Мадрид

Реал Мадрид по секоја сезона во која ќе доживеа дебакл прави големи промени со голема сума пари издвоена за трансфери па и ова лето се очекува тоа да биде случајот.

Мадридскиот клуб ќе доживее промена и на тренерското место од каде ќе замине Карло Анчелоти, а клубот ќе го превземе Чаби Алонсо. Шпанецот со себе ќе донесе и пет засилувања од кои две од неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен.

Повеќе од 100 милиони евра ќе бидат искористени за ангажан на Флоријан Вирц, фантастичниот млад германски фудбалер, но овој податок оди во полза на Реал Мадрид бидејќи со него ќе пристигне и Џонатан Тах, како слободен играч со оглед на тоа што му истекува договорот со Германците.

Реал Мадрид ќе им го расипе и планот на Ливерпул и Арсенал за ангажман на Мартин Зубименди, 26-годишниот фудбалер на Реал Сосиедад кој веќе се наметна како еден од најзначајните за овој тим.

Промена ќе има и на бековските позиции со двајца фудбалери кои ќе пристигнат од Премиерлигата. Станува збор за Трент Александер-Арнолд и Милош Керкез. Англичанецот пристигнува на слободен трансфер, додека за Унгарецот со српско потекло ќе бидат издвоени околку 50 милиони евра.

Се вчитува...