Лос Анџелес лејкерс е елиминиран во првото коло од НБА плејофот од Минесота Тимбервулфс, а Лука Дончиќ беше видно депримиран по натпреварот.
Словенечкиот репрезентативец и НБА ѕвезда не се надеваше на ваков расплет против Минесота, исто како и целата организација на Лејкерс.
Дончиќ по натпреварот им се обрати на медиумите, а ги загрижи и навивачите на Словенија:
„Мојот грб не е добар, не се чувствувам добро, но се обидов да играм и да му помогнам на тимот. Во целата серија со Минесота не одиграв како што требаше, а не одигравме добро и како тим. Минесота беше подобра“, изјави Дончиќ.
Повредата не изгледа сериозно, но постои опасност Дончиќ само да ја влоши претходната повреда на грбот што ја имаше, па прашање е колку долго ќе трае опоравувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

