Потрес во Реал Мадрид: Една од ѕвездите го напушта тимот, смета дека не е ценет доволно

Реал Мадрид би можел да остане без крилниот напаѓач Родриго ова лето. Бразилецот сака да си замине, затоа што наводно клубот не го цени доволно.

Родриго дојде во таборот на „кралевите“ во 2019 година. Неговото потпишување се покажа како одличен потег, но секогаш е во сенка на Винициус, а од оваа сезона и од Мбапе.

Бразилецот многу често решаваше натпревари сезонава, постигнувајќи неколку важни голови , но сега одлучил да си замине. Тој е подготвен за нов чекор во неговата кариера, објавува „Марка“.

„Родриго верува дека Реал Мадрид не го цени толку многу. Тој е вознемирен од фактот што Мбапе, Вини и Белингем секогаш се во центарот ан вниманието, а тој никогаш не е. Затоа сака да си замине“, пишува Марка.

Се вчитува...