Таткото на Јамал за навредите кон неговиот син: „Навивачите на Барселона не навредуваат така…“

Ламин Јамал и во полуфиналето од Лигата на шампионите ги демонстрираше сите свои врвни квалитети издвојувајќи се како лидер на тимот во ремито против Интер 3-3.

Но, по феноменалната партија во јавноста се појави неговиот татко Мунир Насрауи, кој вели дека не сака неговот син да го споредуваат со Меси, Пеле и Марадона, притоа жалејќи се на критиките кои ги добива постојано тинејџерот.

„Кога на 17 години има веќе 100 настапи за клуб како Барселона тоа доволно зборува. Заслужува честитки е на да зборуваме и го навредуваме дали игра за еден или друг клуб. Навивачите на Барселона не навредуваат ниту еден млад фудбалер на Реал или било кој друг клуб, а Јамал постојано добива навреди од противничките навивачи. Треба да ги почитуваме сите млади таленти и да им помогнеме да станат уште подобри“ – вели Насрауи.

Се вчитува...