Готово е! Алонсо добил дозвола да го формира тимот на Реал за следната сезона

Без оглед на тоа што ќе се случува во Реал Мадрид во идните месеци, и дали со нов или со стар тренер ќе настапи на светското клупско првенство, Чаби Алонсо од идната сезона ќе го води тимот на „кралевите“. Според „Релево“, шпанскиот тренер на клупата на Баер Леверкузен веќе добил инструкции од челниците на Реал да го формира тимот за следниот шампионат.

Оваа сезона Реал Мадрид може да остане без ниту еден трофеј. Загубија во ЛШ, загубија во Купот, на праг се да ја испуштат титулата и во шпанската Ла Лига, па од тука Флорентино Перез нема да му прости на Карло Анчелоти, кој речиси сигурно ги брои последните денови како тренер на најтрофејниот европски клуб. Желбата на Реал Мадрид е само ЧАби Алонсо, и трансферот веројатно ќе се случи набрзо.

Дека Алонсо заминува од Баер Леверкузен и го презема Реал, говори фактот што актуелниот германски првак веќе нашол негова замена во името на Ерик тен Хаг, кој треба да седне на клупата на „Фармацевтите“.

Се вчитува...