Првиот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген се враќа во тимот на Барселона после осуммесечна пауза поради тешка повреда. Германскиот чувар на мрежата ќе се појави во почетниот состав на тимот во натпреварот од 34. коло во Ла Лига против Ваљадолид.
Ова го потврди и првиот тренер Ханс Флик, кој ќе го остави сегашниот прв голман Војчех Шчесни на клупата, но се очекува Полјакот да се врати меѓу диреците за реванш дуелот против Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Тер Штеген не играше од септември минатата година кога заработи тешка повреда на коленото. Тој одигра само шест меча во првенството, а токму поради тоа Флик беше принуден да ангажира нов голман, па се одлучи да го брати Шчесни од пензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

