Бразил ќе го промовира Анчелоти по „Ел Класико“ на 12 мај

Бразилската фудбалска федерација има план да го договори Карло Анчелоти на селекторската клупа, и тоа да го стори овој месец, односно еден ден после „Ел Класико“.

Пораз на натпреварот со Барселона, за Анчелоти би значело веројатно и крај на соработката со оглед дека Барселона во тој случај ќе ја има веќе титулата во џеб, а Италијанецот потоа може да се пресели на клупата на Бразил.

Извесно е дека Анчелоти во иднина ќе го води Бразил, откако начелно постигнал договор со претседателот на Бразилската фудбалска федерација Едналдо Родригес.

Анчелоти истакна дека во моментов му е приоритет работата во Реал Мадрид, но извесно е неговата разделба. На негово место на кормилото на „кралевите“ треба да дојде Чаби Алонсо.

Се вчитува...