Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал.
Во ремито на Атлетико на гости против Алавес, Облак успеа да ја задржи својата мрежа без гол по 173-ти пат во Ла Лига, со што го надмина големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари, на вечната листа.
На вечната листа е Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, по него следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173.
Но, ако се погледне процентот на натпревари во кои голманите во Ла Лига останале непоразени, Облак е убедливо на првото место. Облак е непоразен во Ла Лига во 48% од натпреварите, а по него следува Виктор Валдез со 44%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

