Неверојатна сцена доаѓа од кошаркарски терен во Романија, потег кој предизвика бурни реакции кај јавноста. Пред третиот натпревар од 1/4 финалната серија помеѓу Валчеа и Арџест од Питешти, еден од домашните кошаркари Корнелиус Хадсон, покажа непочиување за време на интонирањето на химната на Романија.
Додека другите негови соиграчи стоеја мирно во чест на химната, тој се оддалечи од групата, одеше по теренот и правеше неверојатни потези.
Контроверзната ситуација се случи пред мечот кој Валчеа го доби со 79-76, но сите бараат суспензија и депортација на кошаркарот. Снимката од инцидентот го објавија од противничкиот таборт на социјалните мрежи, заедно со детално соопштение во кое изразија згрозеност од потезите на Хадсон, истакнувајќи дека никој од официјалните лица не реагирал на овие потези на кошаркарот.
Арџест испрати и допис до Федерацијата во која бара брза и итна реакција. Спортската јавност, пак, бара депортирање на кошаркарот и забрана за влез во Романија.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

