Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид објави тажна вест за смртта на Рафаел Рулан, една од најголемите легенди на кралскиот клуб и на евроспката кошарка. Тој почина на 73-годишна возраст.
Рулан го носеше дресот на Реал цели 18 сезони. Во двете децении, тимот освои три титули Европски куп, 1 европски куп на победниците на куповите, 14 првенства, девет Купа на Шпанија и еден шпански Супер-Куп.
Рулан одигра 162 меча за Шпанија, и беше дел од селекцијата која го освои сребрениот медал на Евробаскетот во Барселона 1973 година.
Рулан е поврзан со Реал Мадрид практично целиот свој живот, уште од неговото пристигнување на 15-годишна возраст. Покрај неговите 18 сезони како играч, тој имаше разни одговорности како делегат на првиот тим и директор на спортските школи на Фондацијата на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

