Ремија во Струга и во Скопје, Беса подобра од Брера (ВИДЕО)

Струга ТЛ и Шкендија одиграа нерешено, а исто така и Работнички и Силекс, за да нема промени на врвот на табелата, односно разликата меѓу водечките да остане непроменета.

Струга ТЛ – Шкендија одиграа 1-1 во интересен натпревар. Спировски донесе предност за домашнито тим, а потоа Љатифи успеа со глава да израмни и така да не дозволи неговиот тим да биде поразен.

Беса славеше триумф над АП Брера, за уште понеизвесен финиш во првенството кога станува збор за опстанокот, и тоа место кое носи во баражот. Јасно е дека Гостивар и Воска Спорт се веќе испаднати и префрлени во понизок ранг, па сега битката ќе се разжешти меѓу Беса и Беса (имаат 27 бода) и Тиквеш со 29 бодови.

Беса поведе со голот на Незири, а израмни Ѓоргиевски. Сепак, Стојановски успеа да донесе водство и победа.

Во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“ на дуелот помеѓу Работнички и Силекс немаше голови. Со тоа кратовци пропуштија шанса да се доближат до два бода.

РЕЗУЛТАТИ, 32. КОЛО

ШКУПИ – ВАРДАР 0-2

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 0-3 службено

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-0

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-1

ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-3 службено

БЕСА – АП БРЕРА 2-1

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...