Екипата на Бетис има „златен играч“ во своите редови во името на Ентони, кој беше отпишан од Манчестер Јунајтед, и испратен на позајмица во Шпанија. Крилниот играч во првата минута од судиското надополнување донесе триумф за Бетис, со кој тимот останува во игра за пласман во Лигата на шампионите.
Екипата од Севиља прими гол во 28. минута, откако Еспањол преку Фернандез Жаен дојде до предност.
Ло Селсо во 85. минута успеа да израмни со прекрасен гол. Потоа на сцена стапи Ентони кој во 91. минута успеа со прекрасен гол да донесе победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

