Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) под новото раководство предводено од Стефан Ставрев стартуваше со максимални активности во новата натпреварувачка сезона за дополнителен развој на натпреварувачкиот дел на еден од најатрактивните олимписки спортови во светот – едрењето.
Токму во таа насока, првпат во Македонија беше одржана „едриличаркаска клиника“ – тренинг камп со едно од најпознатото имиња на едриличарскиот спорт во светот, Италијанецот Луиџи Бертини.

Бертини, кој е светски признат тренер, но и судија на досега бројни олимписки игри, изминативи денови под организација на Едриличарската федерација на Македонија и ЕК „Акватика Јахтинг“ од Охрид, одржа тренинг-камп со најдобрите македонски едриличари во класите Оптимист и ILCA 4, но и обука за членовите на натпреварувачкиот комитет при ЕФМ.
„Изразуваме навистина искрена благодарност до г-дин Луиџи Бертини за неговите огромни напори да ги научи нашите млади едриличари и идни едриличарски судии со нови тактики и вештини за организација на регата. Ова е само прва ваков тренинг-камп кој ќе биде организиран во нашата земја со светски признати тренерски имиња во едрењето, а истото ќе продолжи и наредниот период во насока на што подобра подготовка за учества на европските и светските првенства кои не очекуваат сезонава“ – истакна претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев.
Во рамките на тренинг-кампот беше одржана и натпреварувачка регата во двете класи. Во класата Оптимист во генералниот пласман победи Мила Булатовиќ (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид) пред Дарија Зографска (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид) и Томе Златески (ЕК Снегар – Струга), додека во класата ИЛКА 4 победи Марко Милески (ЕК Снегар – Струга), пред Илина Гаџовска (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид) и Софија Ставрева (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид).
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

