За „детето на Реал Мадрид“ повеќе нема место на „Сантијаго Бернабеу“

Лукас Васкез со крајот на сезоната и дефинитивно ќе замине од редовите на Реал Мадрид со оглед на тоа што клубот не намерува да започне преговори со 33-годишникот за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.

Во Реал Мадрид се подготвуваат за големи промени, а во плановите за иднината повеќе го нема десниот бек кој целата кариера ја помина на „Сантијаго Бернабеу“ со исклучок на сезоната 2014/15 кога беше позајмен на Еспањол.

Васкез потекнува од младинската школа на Реал Мадрид. Преку „Ц“ и „Б“ тимовите се избори за место во првиот тим чиј стандарден член е од 2015 година. Оттогаш настапи на 397 натпревари, постигнувајќи 38 голови и 73 асистенции.

Пет пати ја освои Лигата на Шампиони, четири пати Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и УЕФА Суперкупот, три пати Светското клупско првенство, а по еднаш шпанскиот Куп и ФИФА Интернационалниот куп.

Се вчитува...