Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Барселона Чави Хернандез му даде поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Во фудбалот не се живее од старата слава, а тоа деновиве многу добро го чувствува легендарниот тренер Карло Анчелоти. По тој повод зборуваше Чави. Поранешниот тренер на Барселона ги нарече неправедни преголемите критики кон тренерот на Реал Мадрид.
„Погледнете го Анчелоти – човекот освои 30 титули во кариерата и го критикуваат како ништо да не постигнал. Како што неодамна истакна Ернесто Валверде, ако Анчелоти биде толку жестоко нападнат, што очекуваме ние другите тренери? Притисокот во Шпанија е огромен, особено во Барселона и Реал Мадрид”, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

