Чаби Алонсо потврди дека заминува од Баер Леверкузен на крајот на сезоната па остануваат само уште детали пред официјализација на соработката со Реал Мадрид каде ќе го наследи Карло Анчелоти.
Шпанецот се враќа во Реал Мадрид и веднаш ќе започне со созадавање на тим по своите цели. Првото засилување се очекуда биде добро познато бидејќи со себе на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го однесе стоперот Џонатан Тах со кој имаше фантастична соработка минатите три сезони.
Тах ќе пристигне како слободен играч бидејќи му истекува договорот со германскиот тим, а поголема сума на пари ќе биде одвоена за уште еден добро познат фудбалер за Алонсо.
Станува збор за Мартин Зубименди, фудбалерот од средниот ред кој соработуваше со Алонсо на почетоците на тренерската кариера во младинскиот тим на Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

