Валенсија продолжува со одличните игри во шпанското првенство. Во 35. коло тимот за кој настапува македонскиот голман Столе Димитриевски, но и овој пат остана на клупата за резерви го забележа десеттиот натпревар во низа без пораз од кои шест завршија со триумф по доминантната игра и победата од 3-0 против Гетафе.
До триумф Валенсија ја предводеа Пепелу кој реализираше пенал во 8. минута, Лопез кој десет минути подоцна донесе двојна предност и Дуро кој со втората реализација на пенал ги постави конечнтие 3-0 во 37. минута.
Тимот кој на стартот на сезоната се бореше за опстанок сега е во битка за место кое води во Конференциската лига за следната сезона со 45 освоени бодови, само бод зад Селта Виго која има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

