Енрике: Како ќе заврши „Ел класико“? 3-0 за Барселона

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике на пресконференцијата за медиуми по триумфот на ПСЖ над Монпелје беше запрашан и престојното „Ел класико“ кое може да го одлучи шампионот во Ла Лига.

Енрике нема дилема дека каталонците ќе се радуваат на победа, а откри и дека емотивно би му било многу тешко доколку Барселона успееше да ја мине полуфиналната фаза и се сретнеше со ПСЖ во финалето во ЛШ.

„Како ќе заврши „Ел класико“? 3-0 за Барселона. Лесно. Горд сум што бев тренер во таков клуб. Да се сретневме со Барселона во финалето на Лигата на Шампионите ќе биде многу емотивно тешко. Ќе беше лошо. Ако не бевме ние во финалето би сакал Барселона да е таму и да победи“, изјави Енрике.

Се вчитува...