Драган Лабовиќ, своевремено најталентираниот српски кошаркар кој остави трага и во мак-баскетот со успешниот настап за Карпош Соколи почина на 38-годишна возраст од срцев удар.
Лабовиќ денеска беше погребан во родниот крај, а пред погребот на социјални мрежи се огласи и неговата мајка оставајќи емотивна порака.
„Загубив се. Моето чедо, мојата љубов, беше патриот, гинеше за Србија и затоа мајка не дава да те делат на овие или тие. Само јас и ти ги знаеме нераскажаните приказни. Кога беше потребно само малку да ти бидат ветер в грб се откажаа од тебе. Мајка никогаш не го направи тоа и нема да го направи. Ништо не треба, ти си мој додека живеам и дишам“, напиша мајката Соња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

