Поради одигрувањето на финалниот натпревар од Купот на Македонија на 21. мај 2025 година, Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за промена на термините за одигрување на последните кола од натпреварувањата во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Прва МФЛ – 33. коло (последно): Сите натпревари од последното коло ќе се одиграат во сабота, 17. мај 2025 година, со почеток во 17 часот.
Веќе е познато дека натпреварите Воска Спорт – Шкупи и Вардар – Гостивар нема да се одиграат, бидејќи екипите на ФК Воска Спорт АД и КФГ Гостивар АД се дисквалификувани од понатамошното натпреварување во Првата МФЛ.
Последното, 30. коло во Втора МФЛ, пак, ќе се одигра во недела, 18. мај 2025 година, со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

