ФФМ ја укина суспензијата од две години на Алпер Потук

Фудбалската федерација на Македонија ја прифати жалбата на капитенот на ФК Гостивар, Алпер Потук и му ја укина двегодишната суспензија. Ова го објави самиот фудбалер на социјалните мрежи. Потук беше суспендиран по напуштањето на терен на екипата на Гостивар на дуелот со Работнички.

Меѓутоа Потук поднесе жалба, а истата беше прифатена. Во жалбата стоело дека екипата била повлечена на одлука на раководните луѓе на клубот, и дека во него нема вина за ваквиот потег.

Откако тимот на Гостивар беше префрлен во најнизок ранг на натпреварување поради излегувањето од терен, ова ќе значи крај и на престојот на Потук во Македонија, и ќе се врати во Турција. 34-годишниот фудбалер играше во минатото за Фенербахче, Ескишехирспор, Анкарагучу и Ризеспор. За Турција има одиграно 17 мечи во „А“ националниот тим.

Се вчитува...