Популарни цени на билетите за дуелот меѓу Алкалоид и АЕК во Скопје

Алкалоид в недела го игра првиот финален меч против АЕК во Европскиот куп на ЕХФ, додека реваншот е закажан за 25. мај во Скопје.

Билетите за реваншот од финалето во Европскиот куп во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се продаваат по цена од 200 и 300 денари.

Продажбата на билетите ќе се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а истата ќе почне в понеделник, 19. мај, во 13 часот.

Се вчитува...