Митко Стојковски се повлече од позицијата претседател на ФК Пелистер

По вчерашниот последен натпревар од ПМФЛ, претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски одлучи да си поднесе оставка од најголемата позиција во клубот.

Стојковски беше на чело на Пелистер две и пол години, тој го презеде клубот во втора лига.

„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме. Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, рече претседателот Митко Стојковски.

Се вчитува...