ЕКИПА во Атина,
Стеван Цаневски
Атмосферата во салата во Атина на мечот во Атина беше одлична се до 40. минута, кога исфрустрираните грчки навивачи решија да фрлат тврд предмет кон клупата со ракометарите на Алкалоид.
За проблемот да биде уште поголем, во главата беше погоден Дамјан Митев, по што натпреварот некоолку минути беше во прекин. Дуелот продолжи со предупредување до публиката, но по ноовиот одбранет пенал на Галевски следеше нова реакција од трибините, овојпат со истурање на пиво и вода врз клупата на македонскиот тим.
Дуелот повторно беше во петминутен прекин, а останува да се надеваме дека првиот финален дуел од ЕХФ Европскиот куп ќе заврши без уште посериозни инциденти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

