За малку хаос во Монако: Гасли влета во пит-стоп, но му откажаа сопирачките на болидот

Пјер Гасли неочекувано се најде во центарот на вниманието за време на трката за ГН на Монако по големиот инцидент во кој беше вклучен францускиот возач.

Тој најпрвин се судри со Цунода, при што остана без една гума. Французинот реши да не се откаже, туку успеа некако да стигне до пит-стопот, но таму се соочи со уште поголем проблем.

Имено, сопирачките на болидот на Гасли целосно откажаа по судирот, па тој мина крај гаражата на својот тим… За среќа, Гасли успеа да го исконтролира болдиот без да се случи уште поголем инцидент, по што на крајот успеа да запре, неславно завршувајќи ја оваа трка.

Се вчитува...