Доминацијата на Мерцедес оваа сезона во Формула 1 шампионатот продолжи и на трката за ГН на Монако, каде британскиот тим стигна до триумф благодарение на Ландо Норис, прва победа на Мерцедес во „малото кнежевство“ по пауза од 17 години.
Норис тргна од пол-позицијата во оваа трка и успеа да се задржи на првата позиција. Последните триесетина круга на чело на колоната беше Макс Ферстапен, но согласно правилата сите возачи мораа да влезат најмалку по двапати во питстоп, светскиот првак тоа го стори во последниот круг, препуштајќи му ја победата на Норис, за кого ова беше петти триумф во кариерата.
Шарл Леклер извозе одлична трка, асот на Ферари до самиот крај притискаше во обид да излезе пред Норис, но добро познато е дека тешко се претекнува низ улиците на Монако, тоа не му успеа ниту на Леклер, па тој мораше да се задоволи само со втората позиција.
Третото место му припадна на вториот возач на Мекларен, Оскар Пијастри, додека Макс Ферстпаен на крајот го освои само четвртото место, пред Луис Хамилтон, Хаџар, Окон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

